Фрлен солзавец на концерт на Горан Бреговиќ во Корча

Албанската полиција уапси осум лица осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ во Корча.

 |   | 

Полицијата во Корча уапси осум лица кои се осомничени за вмешаност во инцидентот со солзавец на концертот на Горан Бреговиќ.

Претходно, на социјалните мрежи се појави снимка од неколку луѓе кои избегале од местото откако фрлиле солзавец.

Концертот на Горан Бреговиќ се одржал пред неколку илјади гледачи, со строги безбедносни мерки, а повеќе од 200 полицајци биле ангажирани за обезбедување на концертот, од кои повеќето биле околу сцената, додека останатите биле распоредени на главните градски улици.

Движењето Самоопределување од Косово се оградило од инцидентот на концертот на Горан Бреговиќ во Корча, наведувајќи дека не организирале фрлање солзавец.

Огранокот на Движењето во Албанија објавил по повод написите во медиумите дека стојат зад фрлање солзавец за време на концертот, нагласувајќи дека тоа не е вистина, пренесуваат Репортери.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top