Комеморација за жртвите од несреќата на францускиот ербас

Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата.

 |  Крсте Голабовски  | 
ostatoci
остатоци

Бразилската морнарица на фрегата Босисио денеска ќе одржи комеморација на жртвите од несреќата на авионот на Ер Франс, откако ја прекина потрагата.

Морнарицата на Бразил во петокот ја прекина потрагата по телата и остатоците од урнатиот авион.

ostatociАвионот од типот Ербас А330 се урна во водите на Атланскиот океан ноќта меѓу 31 мај и први јуни на лет од Рио де Жанерио до Париз.

Никој од 228-те патници и членови на посадата, од вкупно 32 националности не ја преживеа несреќата.

Спасувачките екипи досега извадија тела на 51 патник, како и околу 600 парчиња од авионот.

Од друга страна Франција ќе продолжи да ги бара црните кутии, кои ќе емитуваат сигнал до втори јули, за да може да се расветлат причините за несреќата.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top