„Фајзер“: Третата доза на нашата вакцина е ефикасна против делта-сојот

„Фајзер“ ги достави првите податоци за ефективноста на третата доза на вакцината до Американската администрација за храна и лекови (ФДА). Од „Фајзер“ тврдат дека нивната трета доза на вакцината, како дополнителен засилувач на имунитетот е поефикасна против многу позаразниот делта-сој на коронавирусот.

 |   | 

„Фајзер“ ги достави првите податоци за ефективноста на третата доза на вакцината до Американската администрација за храна и лекови (ФДА).

Од „Фајзер“ тврдат дека нивната трета доза на вакцината, како дополнителен засилувач на имунитетот е поефикасна против многу позаразниот делта-сој на коронавирусот, според првите податоци од студијата што биле доставени до американската ФДА.

Податоците што ги видовме досега сугерираат дека третата доза на нашата вакцина предизвикува високо ниво на антитела, што значително го надминува онаа што се јавува по примените две дози – рече шефот на „Фајзер“, Алберт Бурла, нагласувајќи ја потребата да се одговори на континуираната закана од делта-сојот.

Од компанијата велат дека третата доза во новата студија ја примиле луѓе кои биле вакцинирани со втора доза пред осум или девет месеци. Забележан е подобрен имунолошки одговор за оригиналниот сој на вирусот САРС-КоВ-2, како и за бета и делта-мутациите.

Американскиот епидемиолог Ентони Фаучи рече дека сите Американци, најверојатно, ќе добијат трета доза на вакцина во одреден момент бидејќи, како што истакна, колективниот имунитет се намалува.

Не помина ниту еден ден од неговата изјава, а ФДА ја одобри третата доза за луѓе чиј имунитет е нарушен, нагласувајќи дека тие луѓе можат да имаат само корист од трета доза на вакцината.

АП пренесува дека се очекува американските експерти да ја одобрат третата доза на вакцината за сите Американци, без оглед на возраста. Според некои медиуми, таа одлука се очекува во септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top