808 смртни случаи во Русија за еден ден

Русија регистрира 808 смртни случаи поврзани со коронавирусот за еден ден, соопштија денеска властите.

 |   | 

Русија регистрира 808 смртни случаи поврзани со коронавирусот за еден ден, соопштија денеска властите.

И покрај намалувањето на бројот на нови инфекции, Русија со недели бележи висока стапка на смртност кај болните.

Речиси 22.000 нови случаи на инфекција денеска се пријавени на национално ниво, а варијантата делта брзо се шири меѓу населението.Според најновите податоци, нешто помалку од 27 проценти од 146 милиони жители примиле барем една доза од вакцината.

Досега, околу 168.000 луѓе починале од Ковид-19 во Русија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top