Опасна риба напаѓа во хрватскиот дел на Јадранот

Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе.

 |   | 

Во хрватскиот дел на Јадранското море, неодамна е забележана таканаречената Огнена риба или риба лав (од родот Scorpaenidae). Морски предатор која уништува речиси сѐ што има пред себе.

Јаков Дулчиќ од Институтот за океанографија и рибарство во Сплит откри дека животното пристигнало од Црвеното Море и сега брзо се шири преку Јадранот.

Бројот на јајца што ги положува е многу голем, а се мрести во текот на целата година – изјавил Дулчиќ во телевизиска емисија на ХРТ.

Тој додаде дека оваа риба била откриена минатата година на две места во Јадранското море – во близина на Италија и Албанија.

Тоа не нѐ прави среќни. Брзо се размножува и е изразен предатор – предупредува Дулчиќ.

Луѓето што би ги боцнала оваа риба, вели тој, ќе имаат страшна болка.

Имавме неколку случаи на тешки последици, а во некои ситуации дури и фатален исход – истакнува Дулчиќ и додава дека оваа риба е голем проблем за рибарите на Кипар и Турција.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top