Дипломатски преговори во Катар за постигнување мир во Авганистан

Состаноците се одржуваат по минатонеделното предупредување од страна на Обединетите нации дека „војната во Авганистан влегла во нова, посмртоносна и подеструктивна фаза“.

 |   | 

Неделава во Катар се одржаа два последователни состаноци за да се притиснат завојуваните страни во Авганистан да ги продолжат мировните преговори и да постигнат договор пред конфликтот да излезе од контрола.

Дипломатскиот напор доаѓа во време на драматични напади од бунтовниците на Талибан дури и додека САД продолжуваат да изведуваат воздушни напади во поддршка на авганистанските воени сили.

Состаноците уследија и по минатонеделното предупредување од страна на Обединетите нации дека „војната во Авганистан влегла во нова, посмртоносна и подеструктивна фаза“.

Специјалниот претставник на САД во Авганистан, заедно со колегите од Русија, Кина и Пакистан, в среда ќе имаат дипломатска средба во главниот град на Катар, Доха, изјавија дипломатски извори за Гласот на Америка.

Нападите на Талибан ги зголемија можностите за враќање на исламистичката група на власт во Авганистан.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top