Ерупција на вулканот Мерапи во Индонезија

Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренесе ДПА.

 |   | 

Вулканот на планината Мерапи, на индонезискиот остров Јава, еруптираше рано утринава, исфрлајќи облаци чад, соопшти Националната геолошка агенција, пренесе ДПА.

Според агенцијата, жешка лава, пепел и гасови, попознати како пирокластични текови, патувале до 2.000 метри на југозападната падина на вулканот.

Нивото на тревога на вулканот остана на второто, највисоко ниво, што беше прогласно од почетокот на повремените ерупции во ноември минатата година.

ДПА пренесува дека при последната смртоносна ерупција во 2010 година, повеќе од 340 лица загинале, а 60 000 други биле раселени.

Индонезија се наоѓа на Пацифичкиот огнен прстен, област позната по сеизмички потреси и со околу 128 активни вулкани. 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top