Кина обвинета за сајбер нападите на „Microsoft“

Велика Британија, Соединетите Држави и Европската Унија ја обвинија Кина за голем сајбер напад насочен кон серверите на Microsoft на почетокот на оваа година. Во нападот биле опфатени преку четири милиони сервери, пренесува Би-Би-Си.

 |   | 

Првото соопштение стигна од Европската Унија, во која се наведува дека нападот дошол од „територијата на Кина“, додека Велика Британија соопшти дека одговорни се актерите поддржани од Кина. Исто така беше речено дека кинеското Министерство за државна безбедност е одговорно и за други активности на шпионажа. Според Ројтерс, кон осудите се приклучиле САД, НАТО, Австралија, Нов Зеланд, Јапонија и Канада.

„Соединетите држави и земјите ширум светот ја сметаат Народна Република Кина одговорна за низата неодговорни, нарушувачки и дестабилизирачки однесувања во сајбер просторот, што претставува голема закана за нашата економска и национална безбедност“, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен.

Отворањето на нов фронт во војната против хакерите доаѓа еден месец откако Г-7 и лидерите на НАТО и американскиот претседател Џо Бајден и Брисел се согласија на самитот во Корнвол се согласија дека Кина претставува системски предизвик за светскиот поредок.

Кинеските власти претходно изјавија дека и Кина е жртва на хакерство и дека тие се спротивставуваат на сите форми на сајбер напади. Американски официјални лица велат дека обемот на хакирањето што и се припишува на Кина е изненадувачки, заедно со кинеската употреба на „хакери со криминални договори“.

Во денешната изјава американските власти со голема сигурност и официјално ја обвинија кинеската влада за хакероскиот напад на деловните субјекти и владините агенции во Соединетите Држави користејќи ја електронската пошта на Microsoft. Microsoft исто така ја обвини Кина за сајбер нападот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top