Лековите за намалување на холестеролот можат да ја зголемат можноста за преживување на инфекција со ковид-19 и да го намалат ризикот од развој на потешка форма на болеста, покажуваат новите истражувања.
Анализата на повеќе од 10.000 луѓе примени во 140 болници во САД покажува дека статините, лековите за намалување на холестеролот и лековите за крвен притисок ја намалуваат смртноста од коронавирусот за дури 40 проценти кај оние кои ги земале пред хоспитализација. Намалениот ризик од смрт бил поголем кај оние кои земале само статини – 46%, отколку кај пациенти кои користеле само лекови за висок крвен притисок 27%.
Луѓето третирани со статини имале 25% помал ризик да развијат потешка форма, додека оние кои земале лекови за висок крвен притисок имале 11% помал ризик. Придобивката од употребата на овие лековите е што тие можат да го ублажат воспалението во телото кај лицата заразени со коронавирусот, тврдат истражувачите.
Студијата е објавена во петокот во списанието PLOS ONE.
-На почетокот на пандемијата, бевме заинтересирани дали лековите за лекување на кардиоваскуларни болести негативно ќе влијаат на инфекциите предизвикани од ковид-19. Откривме дека не само што статините и лековите кои се користат за лекување на хипертензија се безбедни, туку и дека можат да дадат заштита од коронавирус, особено оние кои страдаат од хипертензија и кардиоваскуларни болести“, вели авторката на студијата Лори Даниелс, професорка на Универзитетот во Калифорнија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град