На Миконос воведен полициски час и забрана за музика

Владата на Грција ја забрани музиката во рестораните и баровите и воедно го ограничи движењето на туристите на популарниот Миконос.

 |   | 

Новите ограничувања се воведени по порастот на бројот на заболени од корона вирусот во овој дел на Грција.

По „загрижувачката“ локална епидемија министерството за цивилна заштита на Грција соопштило дека се забранува музика на островот и се воведува забрана за движење од 01 до 06 часот. Движењето ќе им биде дозволено само на лицата кои одат или се враќаат од работа, или имаат здравствен проблем поради кој мора да посетат медицинска установа, пренесе Ројтерс.

Овие рестрикции ќе бидат на сила до 26 јули.

Миконос е познат како остров за забава на богатите и како една од најпопуларните дестинации за членовите на шоубизнисот. Секоја година на Миконос летуваат околу милион гости.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top