Франција го казни Гугл поради непочитување на авторски права за вести

Францускиот регулатор за антимонопол го казни Гугл со 500 милиони евра за непочитување на привремените наредби издадени од регулаторот во спорот со медиумите во државата.

 |   | 

Американскиот технолошки гигант во текот на следните два месеци мора да достави предлози за тоа како ќе ги обесштети новинските агенции и другите медиуми за користење на нивните вести. Доколку не го стори тоа, се соочува со казни до 900.000 евра на ден.

Медиумите АПИГ, СЕПМ и АФП го обвинуваат технолошкиот гигант дека не разговарал со нив со добра волја за да се најде заеднички јазик за надоместок за новинарските содржини на интернет, според неодамнешната директива на ЕУ.

Случајот сам по себе се фокусира на тоа дали Гугл ги прекршил привремените наредби издадени од антимонополскиот орган, кој инсистира ваквите разговори да се одржат во рок од три месеци со издавачите на вести кои ги бараат.

АПИГ, кој ги претставува најголемите издавачи на печатени весници („Фигаро“, „Монд“ и други), останува еден од тужителите, иако потпиша рамковен договор во очекување на одлука за монопол.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top