Проблемот со депониите може да се реши само со изградба на регионална депонија

Справување со депониите е една од препораките на УНЕСКО која градот не успеа да ја исполни. Се поизвесно е дека Охридскиот регион ќе биде ставен на листата на УНЕСКО на светско и културно наследство во опасност.
 |  инфодеск  | 
Депониите во југозападниот период сеуште се проблем за граѓаните и за животната средина. На депонијата Буково речиси постојано има пожари, а струшката депонија која е дива се наоѓа непосредно од првите куќи во градот и за истата се води и судски спор меѓу граѓански здруженија и општината. Пратеничката од ДОМ Маја Морачанин вели дека го гледа решението во изградба на регионални санитарни депонии.
Само депонијата Дрисла што е во скопскиот регион има А – интегрирана дозвола за работа која задоволува делумно од еколошките стандарди. Најблиску до изградба од предвидените депонии за изградба е центарот во СВ.Николе Решението е во изградба на тие регионални санитарни депонии каде што има цел систем за управување со отпадот, каде ќе се рециклира и ќе се селектира и тоа е системот којшто функционира. Локалните власти, и тоа сите општини меѓу себе мора да соработуваат, да бидат координирани за да може да се реализираат овие проекти инаку ќе ни останат овие вакви диви депонии кои што постојано горат, загадуваат и вода и воздух и почва и имаме проблем и со депонирањето на отпад.-истакна пратеничката од ДОМ Маја Морачанин.
Таа апелираше граѓаните да не се плашат да бидат изградени во нивна близина, бидејќи ова нема да бидат депонии за какви што сега имаме слика туку ќе претставуваат санитарни центри за управување со отпад од кои ќе нема загадување, напротив еколошки придобивки. Депониите се и дел од забелешките на УНЕСКО, кој што Охрид не успеа да ги исполни. Се поизвесни се очекувањата дека регионот ќе биде на листата на светско и културно наследство во опасност, а ваквата одлука треба да се формализира на Комитетот за светско наследство во Фужоу, Кина, кој треба да се одржи од 16 до 31 јули.
Не успеавме да ги запазиме сите критериуми, да ги исполниме препораките кои што беа дадени од УНЕСКО уште од мониторинг мисијата од 2017 и 2020 и очекувам дека ќе бидеме ставени на листата на наследства во опасност, но со тоа ќе се овозможи уште поголем мониторинг од УНЕСКО за исполнување на сите препораки што се потребни но, сепак останува до нас. Ние сме тие, нашите институции коишто треба да ја завршиме работата.- изјави Морачанин.
Пратеничката порача дека градот треба да се стреми кон еко-туризам, по примерот на балканските и светските туристички центри наместо кон масовен туризам.
 
 
 
 
 
Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top