Гори грчко летувалиште-Наредена евакуација

Пожар избувна во шумската област Киристос на островот Евија во Грција, но властите сè уште не знаат точно што го предизвика пожарот.

 |   | 

Во шумската област на Киристос на островот Евија во Грција изби пожар, но надлежните уште не знаат што точно ја предизвикало огнената стихија.

Жителите на блиското село Ниборио почнаа да ги напуштаат своите домови пред на лице место да стигнат првите пожарникари и официјално да се издаде наредба за евакуација, јави агенцијата АНА.

Според првите информации пожарот се шири многу брзо поради силниот ветар кој дува на целото подрачје.

Во акцијата за гасење упатени се пожарникари од целиот остров, како и од континанталниот дел на Грција.

Три авиони канадери досега не успеаа да пријдат до загрозеното подрачје поради силните ветришта.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top