Земјотрес со јачина од 5,9 степени го погоди северниот дел на Калифорнија во близина на границата со Невада, но досега нема информации за повредени или големи штети, соопшти американскиот геолошки институт (УСГС).
Земјотресот, првично регистриран од ЕМСЦ и УСГС како земјотрес со јачина од 6,2 степени, беше на длабочина од 10 километри, а неговиот епицентар беше на околу 240 километри источно од калифорниската престолнина Сакраменто, објави американскиот геолошки институт на својата веб-страница.
Земјотресот беше проследен со 50-тина послаби земјотреси во истото источно подрачје на синџирот Сиера Невада.
Земјотреси со јачина од 5,5 до 6,0 степени можат да предизвикаат значителна штета на зградите, но овој земјотрес погоди релативно слабо населена област и беа евидентирани само одрони на карпи на патиштата и свлечишта.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град