12 министри од индиската влада си поднесоа оставка

Вкупно 12 министри денеска си поднесоа оставка во Индија по катастрофалниот бран на ковид-19 кој го зафати државата. Денешните оставки се дел од голема реконструкција на кабинетот на индискиот премиер Наренда Моди во пресрет на изборите догодина.

 |   | 

Министерот за здравство Харш Вардан беше посебно критикуван за начинот на кој се справуваше со пандемијата, во период кога се нижеа рекордни бројки на новозаразени во април и мај како и поради слабите ограничувачки мерки кои ги презел.

Здравствениот систем беше под силен притисок во услови без кревети, медицински кислород и лекови. Индија во март броеше 160 илјади жртви од коронавирусот, но тој број се зголеми и досега изнесува 400 илјади. Многу експерти се сомневаат дека и таа бројка е конечна, односно дека вистинскиот број на починати од последици од ковид-19 е значително поголем од 400 илјади.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top