Грција од утре воведува нови ограничувања

Сопствениците на грчките кафулиња и ноќни клубови се загрижени дека новите ограничувачки мерки, кои овозможуваат да се служат само гости што седат, ќе ја загрозат туристичката сезона, но велат дека ги прифаќаат доколку тоа спречи ширење на коронавирусот.

 |   | 

Грчките власти оваа недела вратија ограничувачки мерки за рестораните, ноќни клубовите и кафулињата. Правилата важат од утре и тие забрануваат да служат гости што стојат.

„Тоа е чекор назад што сигурно ќе влијае на туризмот, но се чини дека е потребно за да не го изгубиме остатокот од летото. Ќе бидеме трпеливи“, рече 27-годишниот Илиас Бабацикос, менаџер на кафуле на плажа во атинското крајбрежното предградие Алимос.

Здравствените власти се загрижени за неодамнешниот пораст на бројот на нови инфекции и појавата на позаразниот делта сој. Вчера имаше 1.797 новоинфицирани, двојно повеќе од претходниот.

Бабацикос рече дека ќе биде тешко да се контролираат луѓето, но изрази надеж дека гостите ќе ги почитуваат мерките, пренесува Ројтерс. Властите соопштија дека во многу од новите случаи станува збор за млади луѓе и посета на места за забава. Властите предупредија дека локалите што ги прекршуваат новите правила ќе бидат строго казнети, а оние што постојано нема да ги почитуваат мерките, ќе ги загубат работните дозволи.

„Мислам дека ова е погрешна одлука затоа што во кафулињата наменети за гости што стојат таму е многу тешко да се каже некому дека треба да седне. Ова ќе направи голема штета“, смета Мариос Марку, 37-годишен менаџер на кафуле во центарот на Атина.

Речиси 38 проценти од грчкото население се вакцинирани, а владата го мотивира населението, вклучително со готовина и бесплатни мобилен интернет за млади. Целта е да се вакцинираат 70 проценти од населението до есен.

„Тоа е несакан развој, но разбираме зошто се случува. Клучно е сите да се вакцинираат”, рече 48-годишниот Космас Теодоридис, гостин во кафуле во грчката престолнина.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top