Најмалку пет лица се уапсени претпладнево во Загреб во голема акција на УСКОК и на полицијата која е сѐ уште во тек, јавуваат медиумите во Хрватска.
Меѓу уапсените има и лица познати во јавноста. Меѓу нив се спомнува генералниот директор на Хрватската радио телевизија (ХРТ), Казимир Бачиќ, како и возачите и соработници во администрацијата на долгогодишниот градоначалник на Загреб, Милан Бандиќ, кој почина неодамна.
Акцијата е поради сомнение за економски криминал за време на поранешната градска администрација во Загреб. Сè уште не е познато како точно генералниот директор на ХРТ бил вклучен во тоа.
Според хрватските медиуми, веројатно станува збор за акција која траела подолго време, така што истражителите веројатно тајно ги следеле и ги прислушувале осомничените подолго време.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град