Нова рунда преговори меѓу Русија и САД за идниот договор за нуклеарно разоружување ќе се одржи денеска и утре во Женева.
Според Андреј Нестеренко, портпарол на руското Министерство за надворешни работи, првите резултати од преговорите за договорот што треба да го замени постоечкиот договор СТАРТ, би требало да бидат претставени на самитот Русија-САД во Москва.
„Поаѓаме од тоа претседателите (Дмитриј Медведев и Барак Обама) да можат да ги соопштат резултатите на самитот во јули“, рече Нестеренко.
Русија и САД на почетокот на јуни ја завршија втората рунда преговори во Женева.
Двете страни треба да се договорат за новиот договор бидејќи сегашниот истекува кон крајот на годината. Благодарејќи на договорот СТАРТ од 1991, Русија и САД до денеска за третина го намалиле својот нуклеарен арсенал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град