Делта сојот беснее во Москва, се враќаат рестриктивните мерки

Во последните 24 часа во Москва се потврдени 6.723 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 114 починаа, поради што од денеска во сила стапуваат нови епидемиолошки мерки.

 |   | 

Само на вакцинираните, лицата кои оздравеле од коронавирусот или луѓето кои ќе направат негативен тест, ќе им биде дозволен влез во московските ресторани, кафулиња и барови.

Градските власти воведоа и ограничувања за повеќето болнички услуги, така што тие ќе можат да ги користат целосно вакцинираните и граѓаните кои имаат тестови за антитела.

Бројот на заразени лица во Русија сеуште расте, така што во последните 24 часа се регистрирани 20.583 нови случаи, додека починале 599 лица, јави рускиот оперативен штаб.

Меѓутоа, не се исполни планот за вакцинирање на 30 милиони граѓани до средината на јуни. Регионалните власти низ Русија ги задолжуваат вработените да се вакцинираат, а доказ за имунизација е неопходен за влез во рестораните и другите јавни места.

Здравствените власти причината за зголемувањето на новите инфекции ја гледаат во непочитувањето на санитарните мерки на граѓаните и распространетоста на новите видови на вирусот, но пред се во малиот процент на вакцинирани. Само 20,7 милиони луѓе или 14 проценти од 146 милиони жители на Русија досега примиле барем една доза, а само 16,7 милиони или околу 11 проценти се целосно вакцинирани.

Московските власти соопштија дека компаниите не треба да им исплаќаат плати на вработените кои не сакаат да бидат вакцинирани и дека треба да им се заканаат дека привремено ќе го суспендираат работењето на компаниите шо не ја исполнуваат целта 60 проценти од работниците да добијат барем една доза до 15 јули, и двете до 15 август.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top