Австралија се бори со нов бран на пандемијата, Сиднеј повторно затворен

Австралија се бори со неколку кластери од инфекцијата со делта-сојот на коронавирусот кој е позаразен, па стручњаците предупредуваат дека земјата е во најопасната фаза од избивањето на пандемијата.

 |   | 

Во Сиднеј е воведен локдаун, како и во Дарвин на истокот на земјата, во Перт повторно е задолжително носењето маска, а можно е воведување построги мерки, откако еден граѓанин кој престојувал во Сиднеј пред повеќе од една недела бил позитивен на вирусот.

Австралија досега беше многу поуспешна од другите развиени земји во спречувањето на ширењето на коронавирусот и забележа помалку од 31 илјади случаи на коронавирус и 910 починати.

Делта-сојот го вклучи алармот на здравствените власти, особено во ситуација кога само 5 отсто од населението е целосно вакцинирано.

Најголемиот број нови случаи на заразата потекнуваат од возач од Сиднеј кој на 16 јуни бил позитивен на делта-сојот, кој се смета за позаразен. Тој не бил вакциниран, наводно не носел маска и сомнежот е дека се заразил додека превезувал странски воздухопловен екипаж на аеродромот во Сиднеј.

Властите предупредија дека двонеделното заклучување во Сиднеј, кое почна во петокот, нема да ја намали стапката на заразување.

Советникот за здравствена политика рече дека владата треба да разгледа забрзување на вакцинирањето со скратување на периодот меѓу првата и втората доза од 12 на 8 недели.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top