Епидемиолошката слика полека се подобрува на глобално ниво, но знак дека короната сеуште не се откажува е појавата на нова мутација – „Делта плус“ варијанта.
„Делта плус“ е многу заразен вид, но тоа не е единствената причина зошто научниците се плашат од овој вид корона.
Според британските медиуми, новиот сој циркулира низ Велика Британија со недели, а експертите тврдат дека е сеуште рано за проценка дали е поопасен од останатите.
Досега британските здравствени власти регистрирале 41 случај на новата везија на познатиот индиски сој.
Индиските власти велат дека „делта Плус“ побрзо се шири, полесно се врзува за клетките во белите дробови и потешко се лекува.
Меѓутоа, сè уште се спроведуваат истражувања за тоа дали овој сој е навистина поопасен од досегашните. Во Индија досега се забележани повеќе од 40 случаи на зараза со „делта Плус“.
Освен во Британија и Индија, новиот сој е забележан и во 10 други држави: Канада, Кина, Јапонија, Непал, Полска, Португалија, Русија, Турција, Швајцарија и САД.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град