Авиокомпанијата Боинг создаде фонд од 500 милиони долари за да ги обештети семејствата на 346 лица загинати во несреќите на Боинг 737 Макс, пренесува Гласот на Америка.
Фондот е дел од договорот со Министерството за правда на САД. Во јануари, Боинг вети дека ќе им исплати надомест на семејствата на загинатите во несреќата на Лајон Ера 2018 и Етиопијан Ерлајнс во 2019 година.
Секое семејство ќе добие околу 1,45 милиони долари и ќе ги добие парите веднаш штом ќе биде завршено документирањето, соопшти Боинг.
Фондот е само дел од зделката што Боинг ја склучи 2,5 милијарди американски долари со Министерството за правда, бидејќи обвинителите ја обвинија компанијата за лажно издавање на сертификати за безбедност на авиони. Договорот му овозможи на Боинг да избегне судски постапки, но не и тековните граѓански тужби.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град