Операторот на изградбата на гасоводот „Северен тек 2“ – компанијата „Норд стрим 2 АГ“ ги поврза сите делови на првиот крак на гасоводот, кој технички ја заврши својата изградба, а од 11 јуни започнува подготвителна работа за полнење на цевките со гас.
„Технички е завршен морскиот дел од првиот крак на „Северен тек 2“. Поставувањето на цевките заврши на 4 јуни, денес деловите на гасоводот на дното на морето што ги поставија Русија и Германија се меѓусебно поврзани. Подготвителните работи за полнење на цевките со гас ќе започнат утре“, најави операторот.
Исто така, се наведува дека потребните подготвителни работи за полнење на првиот крак со гас ќе траат неколку месеци.
Компанијата прецизира дека работите за поставување на цевки во поморскиот дел од другиот крак на гасоводот продолжуваат, а истите се реализираат во согласност со потребните дозволи.
Да потсетиме, рускиот претседател Владимир Путин на пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург на 4 јуни објави дека успешно е завршено поставувањето на цевката на првиот крак на гасоводот „Северен тек 2“. Додаде дека „Гаспром“ е подготвен да го наполни гасоводот „Северен тек 2“ со гас.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град