Сеизмографите на Сеизмолошката служба на Хрватска го забележале силниот земјотрес со епицентар на околу 13 километри југоисточно од Шибеник. Јачината на земјотресот била 4,7 по Рихтер, а интензитетот во епицентарот е од 6-ти степен по ЕМС скалата, пренесува ХРТ.
Епицентарот бил на длабочина од два километри.
Засега има само една дојава за материјална штета – оштетен автомобил во местото Врпоље кај Шибеник, врз кој паднало парче карпа. Никој не е повреден.
Жителите на Шибеник по потресот излегле од своите куќи на улиците, но повеќето брзо се вратиле во домовите