Илир Мета на денешната средба со спикерот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца, ја изразил поддршката на Албанија за дијалогот Косово-Србија, за нормализирање на односите меѓу двете земји и ја истакна потребата постигнатите договори да не останат само на хартија, туку да почнат да се спроведуваат.
Албанскиот претседател Илир Мета на денешната средба со спикерот на косовскиот парламент Глаук Коњуфца, ја изразил поддршката на Албанија за дијалогот Косово-Србија, за нормализирање на односите меѓу двете земји и ја истакна потребата постигнатите договори да не останат само на хартија, туку да почнат да се спроведуваат.
Коњуфца од своја страна рекол дека е „време за заедничка политика“ на Косово и Албанија.
„Досега имаме само соработка на ниво на добри соседи, но мислам дека соработката треба да се подигне на друго ниво, а тоа е соработка меѓу две земји со еден народ. Со поделени, фрагментирани гласови доживеавме само штета, и двете наши држави. Косово се соочува со напорите на Србија, кои на крај имаат за цел да го дестабилизираат Косово и да создадат српски територијален ентитет во рамки на Косово, контролиран од Белград“, изјави Коњуфца.
Овој став тој го искажал и на средбата со лидерот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, за кого, пак, приортет останува продолжување на меѓународното признавање, членството на Косово во меѓународните институции и успешното завршување на дијалогот меѓу Косово и Србија што подразбира взаемно признавање.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град