Обид за атентат на министер во Уганда – Убиени неговата ќерка и возач

Вооружени лица денеска се обидоа да извршат атентат на министерот за труд на Уганда, генерал Катумба Вамала, но притоа ја убија неговата ќерка и возачот на автомобилот, а поранешниот командант на војската е ранет, соопштија армискиот портпарол и локалните медиуми.

 |   | 

Четворица напаѓачи на мотоцикли отвориле оган кон возилото во кое се наоѓал генерал Катумба Вамала, во предградието на Кампала, Киасаси, јави локалната телевизија НБС.

Снимките кои кружат на социјалните мрежи го покажуваат Вамала со отворена уста, во очигледна неволја покрај автомобил, и светло панталони испрскани со крв. На снимките од социјалните мрежи може да се видат и дупки од куршуми во прозорецот на автомобилот и чаури на земјата.

– Тој беше застрелан … тој е повреден и одведен во болница, неговиот возач е убиен, изјави портпаролката на војската, бригаден генерал Флавија Бјекваса.

Двете рамена му се повредени, рече пратеникот Крис Бариомунси за НБС. Ќерката на Вамала, која била во возилото со него, исто така е убиена, објави НБС.

Ќерката на Вамала, Бренда Нантонго Вамала, самошто се вратила од САД и почнала со работа во Уганда.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top