Откако Перу речиси двојно ја коригираше официјалната бројка на починати од коронавирус, стана земја со највисока стапка на смртност од болеста во светот според бројот на жители. Втора на листата е Унгарија.
По ревизија на податоците, официјалниот број на починати како последица од коронавирус во Перу се зголеми на преку 180.000, како што потврди и премиерката Виолета Бермудез. Со тоа земјата со 33 милиони жители стана прва во светот по смртност од коронавирус во однос на вкупниот број население.
Причина за зголемувањето на бројот на починати во јужноамериканската земја е проширувањето на официјалите критериуми за смртните случаи кои се базираат на зараза со вирусот.
Експертска група дошла до заклучок дека претходно важечката бројка од 69.000 жртви на коронавирус е прениска. За починати од Ковид-19 досега се сметаа оние кои биле позитивни на тест. Сега во статистиката се земаат во предвид и смртните случаи кај кои врз основа на клиничките наоди се смета за веројатна инфекција со коронавирус.
-Преку промената на критериумите властите во иднина ќе имаат на располагање посеопфатни податоци, кои ќе бидат од корист во сузбивањето на пандемијата, истакна Бермудез.
Според пресметката на новинската агенција АФП, со новата официјална бројка Перу има квота од 5484 смртни случаи од коронавирус на еден милин жители, со што се најде на врвот на светската статистика. На второ место следи Унгарија со 3077 мртви од корона на еден милион жители. Во Перу досега се регистрирани преку 1,9 милиони инфицирани со коронавирус, а во изминатите месеци земјата беше соочена со акутни проблеми во снабдувањето со кислород за пациентите.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град