Загреб и Сплит со нови градоначалници

Најголемите градови во Хрватска, Загреб и Сплит, свртеа лево: Томислав Томашевиќ и Ивица Пуљак беа избрани за градоначалници во Загреб и на Сплит. ХДЗ, пак, се прогласува за севкупен победник на локалните избори.

 |   | 

Најголемите градови во Хрватска, Загреб и Сплит, свртеа лево: Томислав Томашевиќ и Ивица Пуљак беа избрани за градоначалници во Загреб и на Сплит. ХДЗ, пак, се прогласува за севкупен победник на локалните избори.
Според податоците на Државната изборна комисија вчера од 21 часот по пребројаните 99,17 отсто од гласовите, кандидатот на партијата Можеме!, Томислав Томашевиќ, со 65,29 насто гласови од граѓаните во вториот круг на локалните избори е избран за нов градоначалник на Загреб.
Тој, по речиси 20 години владеење на неодамна починатиот загребски градоначалник Милан Бандиќ, ќе го преземе кормилото на хрватската престолнина.
Кандидатот на зелените и левата опција вети дека како градоначалник ќе се бори против корупцијата во Загреб.

„Им благодарам на сите Загрепчани и Загрепчанки кои ни ја дадоа довербата и ќе дадеме сѐ од себе тоа да го оправдаме“, рече Томашевиќ.
Во Сплит кандидатот на партијата Центар, Ивица Пуљак, со 59,82 насто од гласовите е избран за градоначалник. Кандидатот на партијата ХДЗ, Вице Михановиќ, освои 40,87 отсто. Во Риека победата ја однесе кандидатот на партијата СДП, Марко Филиповиќ, а во Осјек кандидатот на ХДЗ, Иван Радиќ, како и во Задар каде за ХДЗ победи Бранко Дукиќ.
Партијата ИДС го загуби местото градоначалник во Пазин, а веројатно и во Пула. Претседателот на владејачката партија на државно ниво ХДЗ, Андреј Пленковиќ, заклучи дека ХДЗ е победик на овие локални избори во Хрватска.

„Сакам навистина да го искажам единствениот став на целото водство, а тоа е дека ХДЗ е апсолутен, колосален победник на овие избори, победивме во 15 од 20 жупании, што никогаш не се случило“, рече Пленковиќ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top