Од кое место во светот најдобро се набљудуваат виножита?!

Виножитото е спектакуларен природен феномен, а едно од местата во светот каде што има многу голема веројатност да го видите е Хаваи.

 |   | 

Покрај тоа што е многу честа глетка на небото таму, виножитото на Хаваите е неразделно од културата и традицијата. Во хавајската митологија, виножитото е симбол на трансформација и на патот што ја поврзува Земјата со небото.

Научниците сметаат дека виножитото на Хаваи е спектакуларно поради екстремно чистиот воздух и ветровите што дуваат цела година на суптропска ширина и носат дожд на Хаваите.

За формирање виножито е потребно релативно изолиран дожд, како и можност за поминување на сончевата светлина отстрана. Хонолулу е одлично место за гледање на виножитото затоа што нуди прекрасен поглед на планините каде што вообичаено врне и се појавуваат виножита.

Најмногу виножита може да се видат непосредно пред зајдисонцето, но ги има и наутро. Во текот на ноќта, топлата морска површина ја загрева атмосферата, што доведува до разлика во температурата и предизвикува дожд, поради што често на Хаваите се појавуваат виножита точно за време на појадокот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top