Турција е подготвена за престојната туристичка сезона при што над 9.800 бизниси добија Сертификат за безбеден туризам кој беше лансиран во јуни 2020 година и кој имаше за цел да потврди дека сите места со кои стапуваат во контакт туристите вклучувајќи ги аеродромите, сместувачките капацитети, рестораните, кафулињата, културните, уметничките и конгресните објекти, објектите за морски туризам и возилата како и тематските паркови се безбедни, соопшти турската амбасада во Скопје.

Почнувајќи од 2021 година, Турција го направи овој сертификат задолжителен за сите сместувачки капацитети со капацитет од 30 и повеќе кревети. Турција исто така им даде приоритет на туристичките работници во рамки на националната програма за вакцинација и е подготвена за летната сезона со високи безбедносни стандарди.
„Во 2020 година, пречекавме 16 милиони туристи во нашата земја. Безбедноста на туризмот беше наш најголем приоритет во текот на минатата година со програма за сертификација, која стана една од најдобрите практики во светот. Со безбедни, ефективни и дисциплинирани практики и мерки што ги спроведовме, нашата програма за сертификација стана една од најуспешните имплементации во светот и имавме успешна сезона. Турција беше водечка земја во безбеден туризам минатата година. 2021 година ќе биде година на зголемена безбедност. Ние сме подготвени за летната сезона 2021 година со повеќе од 10.000 туристички капацитети низ цела Турција“, соопшти министерот за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој.
Тој додаде дека во Турција е задолжителна сертификацијата за сместувачките капацитети и таа се контролира од страна на инспекции. Од друга страна во рамки на национална програма за вакцинација, до сега повеќе од 27 милиони турски граѓани се вакцинирани, а меѓу нив приоритет имаа туристичките работници.
Министерствота за култура и туризам на Република Турција и Агенцијата за унапредување и развој на туризмот во Турција (ТГА) беа домаќини на амбасадорите на настанот наречен „Безбеден туризам“ што се одржа во Анталија на кој тие директно се уверија во преземените мерки во Турција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град