Над пола тон марихуана запленета во Валона

Албанската полиција од приморскиот град Валона заплени 577 килограми марихуана и уапси три лица под сомнение за меѓународна трговија со наркотични средства.

 |   | 

Како доказен материјал запленет е и гумен чамец со кој ја транспортирале дрогата, чија крајна дестинација била Италија. 

„Дрогата е заплената кај месноста ‘Заливот на Дафина’, во близина на Карабурун, по неколкучасовно следење на чамецот. Лицата кои беа во чамецот за да се спасат од полициската поморска патрола се обиделе да го напуштат чамецот, но не успеале во намерата. Запленети се 577 килограми марихуана, како и моторниот чамец, а уапсени се и три лица“-се наведува во соопштението од полицијата.
Уапсените се на возраст од 27, 34 и 43 години и се жители на Валона. Акцијата „Карабурун“ полицијата од Валона ја реализирала во соработка со „Делта Форца“, „Гуарда ди финанца“ и граничната полиција.

Во соопштението се посочува дека полициските служби продолжуваат со засилените контроли на поморскиот простор, со цел да се „спречат, идентификуваат и разбијат обидите за трговија со дрога“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top