Францускиот претседател Емануел Макрон изгуби облог, па вчера милиони луѓе ја гледаа приватната хеви метал забава на претседателот и двајцата јутјубери во градината на Елисејската палата во Париз.
Макрон во февруари вети дека во Елисејската палата ќе им биде домаќин на Мекфлај и Карлито, двајца француски јутјубери, кои имаат по 6,5 милиони следбеници, доколку успеат да соберат повеќе од 10 милиони прегледи на видеото во кое се промовира социјалната дистанца за време на пандемијата на Ковид – 19, пренесува „Ројтерс“.
Мекфлај и Карлито го добија облогот и им беше дозволено да снимаат видео од 36 минути, кое само по неколку часа од објавувањето собра 2,7 милиони прегледи.
Макрон и јутјуберите разменија неколку зборови за време на емисијата, која завршува со прошетка во дворот на Елисејската палата, каде францускио бенд „Ultra Vomit“ ја свиреше хард рок верзијата на француската приспивна песна „Зелен глушец“.
Во претходните месеци, рејтингот на Макрон порасна за 8 поени кај личностите помеѓу 18 и 24 години.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град