Почина деветгодишното момче кое беше тешко повредено кога кабина од жичарница се урна во северна Италија, пренесуваат италијанските медиуми.
Момчето беше итно пренесено со хеликоптер во болницата во Торино, заедно со повредено 5-годишно момче, кое сега е единствениот патник кој го преживеа падот на кабината. Во несреќата загинаа 14 лица.
– Направивме се што можевме, но по неколкучасовни обиди, не успеа. – рекол директорот на болницата.
Меѓу жртвите има и други малолетни лица, пишува „Ла република“. Најголем дел од загинатите се Италијани или странци со престојувалиште во Италија.
Петгодишното момче има повреди на главата и прелом на ногата и како што пренесуваат медиумите, засега никој не се јавил да го побара или да праша за него, па се претпоставува дека неговите родители загинале во кабината.
До несреќата дошло кога пукнал носечкиот кабел и тоа во моментот кога кабината била пред врвот. Кабината паднала од висина од 20 метри и се тркалала надолу, превртувајќи се, додека не се сопрела по удар во дрвја.
Жичарницата беше затворена во 2014 година заради генерален ремонт, кој чинел 4 милиони евра, а е отворена две години подоцна. Ги поврзува градот Стреса и планината Монтароне.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град