После неколкумесечно затворање поради епидемијата на коронавирусот, Ајфеловата кула ќе биде отворена на 16-ти јули, објавија управителите на париската туристичка атракција.
Ајфеловата кула, затворена од 29 октомври поради коронавирусот, повторно ќе биде отворена за посетители од 16 јули, објави управата на тој париски споменик.
Познатата кула ќе може да ја посетуваат до 10.000 луѓе дневно во текот на летото, како што беше во летото 2020 година, изјави здружението СЕТЕ кое управува со споменикот.
Ајфеловата кула е висока 324 метри и е еден од симболите на Париз. Изградена е од Густав Ајфел во 1889 година како експонат за Светскиот саем по повод стогодишнината од Француската револуција.
Кога била изградена кулата, многу Парижани сметале дека е за потсмев и треба да се урне, а денес има репутација на едно од ремек-делата на светската архитектура.
Ајфеловата кула, која некои ја нарекуваат Челична дама, пред коронавирусот ја посетувале околу 25.000 луѓе на ден.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град