Авионот на „Ер Франс“најверојатно се распаднал уште во воздухот

Авионот на „Ер Франс“, што се урна во Атланскиот Океан за време на лет од Рио де Женеиро до Париз, најверојатно се распаднал уште во воздухот, покажуваат резултаите од аутопсијата на неколкумина од жртвите во несреќата.

 |   | 
potraga
потрага

Авионот на „Ер Франс“, што се урна во Атланскиот Океан за време на лет од Рио де Женеиро до Париз, најверојатно се распаднал уште во воздухот, покажуваат резултаите од аутопсијата на неколкумина од жртвите во несреќата.

Како што соопшти претставник на бразилскиот патолошки тим што ги вршел аутопсиите, откриените тела имале многу фрактури на рацете и нозете, што укажува дека авионот се распаднал уште во воздухот.

ostatociПоранешниот експерт на американската Национална служба за безбедност на сообраќајот, Франк Чако се согласува со ваквата констатација на бразилските патолози, нагласувајќи дека и пронајдените делови на авионот ја потврдуваат теоријата дека леталото се распаднало уште пред да падне во водите на Атланскиот Океан.

– Доколку авионот се распаднал при ударот во океанеската површина, тогаш телата и деловите од авионот би требало да бидат ситно раздробени, смета Чако.

Авионот „Ербас А-330“ на „Ер Франс“ со 228 патници и членови на екипажот се урна во Атланскиот Океан на 1 јуни во раните утрински часови по средноевропско време.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top