Недвижностите во општина Дебрца стануваат се попривлечни за купувачите

Од ден на ден расте побарувачката на куќи,a во нагорна линија се движат   и цените за метар квадратен земјоделско земјиште. Општината  очекува пораст од приходите по основ на договори за купопродажба од недвижности по донесување на Урабанистичките  планови за сите села. 

 |  Валентина Неловска  | 

Купувачи се повеќе покажуваат интерес за купување на стари куќи во општина Дебрца. Според податоците на даночното одделение во општината најмногу се продава земјоделско земјиште. Тоа се должи што доегаше општинаат немаше Ураниситички планови за сите села. Голем дел од објектите се во фаза на легализација и не може да бидат продадени како објекти туку се продаваат како земјиште под објектот. Со урбанизирање на селата ќе се промени таа состојба, укажува Ангел Секулоски , шеф на кабинетот на Градончалникот на општина Дебрца. Во 2020 год. и почетокот на 2021 год. се донесени Урбанистички планови за поголем број на села и оваа година очекуваат да бидат во поглем број договорите за купопродажба на недвижности.

„Советниците усвоија 70 проценти од урбанистичките планови и таа динамика ќе продолжи додека се усвојат сите УП. Очекуваме бројот на склучени договори да е поголем и да биде дефинирано како продажба на станбен деловен објект.“

Купувачите поголем интерес за купување на недвижности пројавуваат за селата од Долна Дебрца и во близина на Аеродромот. Купувачите се заинтересирани за станбени објекти во селата Горенци, Оровник, Подмоље. Недвижностите се продаваат од 50 до 60 евра за квадрат.

„Според мене Оровник е интересна локација за инвестирање. Стратешки е подеднакво оддалечено од два градови и буквално ги исполнува сите услови за пристоен живот“.

Во долниот дел од Дебрца,пак расте цената на земјоделско земјиште. Со изградбата на атвопатот цената скокна на 15 евра, а пред 3-4 години беше од 5 до 6 евра за метар квадаратен. Се очекува да се движи во нагорна линија. Во горниот дел од Дебрца, пак цената на земјиштето е пониска и може да се најде и по 1 евро. Цената е дури и пониска за она земјиште кое е подалеку од јавен пат.
Општина Дебрца по основ на данок од купопродажба на недвижнини во 2020 година инкасирала сума од 1.286.988 денари од 61 договори. Во 2019 година, бројот на договори бил 67 договори ,а се влеал износ од 993.611 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top