Затворени два угостителски објекти во Охрид

Пазарните инспектори од почетокот на годинава за само неколку дена  ставија клуч на врата на два угостителски објекти во Охрид. Угостителите не ги почитувале некои од протоколите за заштита од ковид 19. Охридските хотелиери пак дисциплинирани,  кај нив инспекторите не  утврдиле прекршувања  на  законските одредби. 

 |  Валентина Неловска  | 

Два охридски угостителски објекти се затворени од Државниот пазарен инспекторат. Во Охрид , во изминатите седум дена инспекторите од ДПИ исконтролирале и направиле записници за инспекциски надзор за 52 објекти и 287 визуелни контроли без направени записници. Инспекторите од поддрачното одделение од Охрид при контролите констатирале дека објектите не почитувале дел од протоколите за работа кои се на сила со законот за заштита на населението од ковид19. Изречени им се санкции и привремени мерки за забрана на вршење дејност, информира Цветко Ристески, раководител на ПЕ ДПИ.

„Во едниот случај има повеќе гости од дозволеното, а во другиот случај се работи за угостителски објект кабаре кое не е дозволено да работи и е постапено по начелата на превентивност и законитост и е извршено затворање на објектот“.

Охридските угостители го почитувале работното време до 21 часот и нема затекнати објекти кои биле отворени после овој термин. Ристески, раководителот на охридската подрчана еднициа на пазарниот инспекторат, нагласува дека генерално охридските угостители и хотелиери ги почитуваат протоколите за работа кои се на сила за разлика од другите региони во земјава.

„На нашево подрачје Охрид и Дебрца каде што имаме стварна и месна надлежност може да се каже дека е задоволувачко однесувањето на субјектите и многу малку имаме вакви прекршоци. Во другите региони Западниот, Полошкиот и Скопскиот каде што дејствуваат наши колеги има многу повеќе неправилности“.

Исто така, охридските хотелиери и сместувачките капцитети се дисциплинирани. Кај нив инспекторите не утврдиле непочитување на законските одредби од законот за заштита на населението од заразни болести.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top