Приоритет ќе им е формирање на една Пливачка Федерација и средување на хоатичната ситуација во овој спорт. Ќе се залагаат сите професионални спористи да добијат здравствено и пензиско осигурување.
Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски информира дека работат на решавање на проблемите во спортот. Покрај тоа што создаваат услови за тренирање и постигнување резултати на спортистите, ќе ги решаваат наталожените децениски проблеми. Во престојниов период приоритет им е средување на состојбите во Пливачката Федерација. Во моментов, напоменува дека таму е хаотична ситуацијата која негативно се рефлектира врз работата на пливачките школи.
„Има големи проблеми во пливачката федерација. Повеќето пливачки федерации кои ги имаме си влечат секоја на своја страна, а на крај губат децата и тие се најоштетени. Имав повеќе состаноци со нив и ми претстои еден заеднички состанок со пливачките клубови да им се објасни дека мора да се формира една пливачка федерација и едно собрание. На пливачки митинг во март -април да се натпреваруваат клубовите кои таму би имале право на глас и да се изгласа нов претседател кој би бил надлежен за една федерација, а другите да се укинат и децата да имаат услови за тренирање “.
Директорот на агенцијата, најавува дека ќе се залагаат и за решавање на натоложените децениски проблеми во спортот. Сето тоа во насока да се мотивираат спортистите за постигнување спортски резултати и успеси.
„Сите од осамостојувањето на државата да се опфатат сите спортисти кои се заборавени и да им се впише стаж дека се натпреварувале како професионални спортисти. 99,9 спортистите кај нас не се здравствено и пензиско осигурани.Тоа сакам да го опафат, до сега и од сега натка да почнеме да ги наведеме клубовите со поддршка од држвата самите спортистите да се пензиски здравствено осигурани и да им тече стаж. Ние сме на маргините“.
Мојсоски најавува поддршка и на сите останати спортски клубови во земјава. Се надева дека наскоро ќе заврши пандемијата и младите во поголем број ќе се вратат на спортските терени .
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град