Расте бројот на објекти за игри за забава и среќа, а во подем е коцкањето

Станува збор за зависност која има многу тежок и макотрпен процес на лекување,  предупредуваат психолозите. Многу е важно семејството и училиштето  да не ги игнорираат првите знаци на коцкање кај адолсцентите.

 |  Валентина Неловска  | 

Во Охрид има 52 кладилници и обложувалници.Три охридски трговски друштва имаат регистрирано дејност коцкање и обложување, а дури 49 фирми надвор од Охрид имаат отворено коцкарници и обложувалници како свои подружници во Охрид според податоците од Централен регистер. Како што од ден на ден се повеќе расте нивниот број во градот како спортски кладилници, слот апарати, рулет апрати и коцкарници паралелно е во пораст и бројот на граѓани кои се навлекуваат на разни видови коцкање и обложување. Коцкањето како облик на зависност не ги заобиколува и адолесцентите. Затоа е многу важно семејството и училиштето да не ги игнорираат првите знаци на коцкање кај младите, препорачува проф.д-р Калина Сотироска Иваноска, од Институт за психологија при Филозофскиот факултет при УКИМ Скопје.

Она што треба да се преземе е на индивидуално ниво, во прв план е влијанието на семејството, да преземе активности. Кога ќе се воочат првите знаци ако им земаат пари, ако ги нема долго време дома, не знаат каде го минуваат времето и од каде им се парите, каде се троши времето, да влијае семејството.Но и училиштето, наставниците, професорите го знаат однесувањето ако видат или чујат нешто да преземат активности и да не се премолчува. Да се земе посериозно проблемот .“

Сите тие игри на среќа нудат забава и лесна заработувачка на пари која преминува во психолошка зависност. Станува збор за зависност која тешко се лекува, макотрпен е и долготраен процес, предупредува психологот.

„Вообиачено е потребно не само да се вклучи оној кој е насочен кон коцкањето туку и семејството. Сите членови на семејството трпат и во тие моменти е потребно да се активираат и професионалци од областа на менталното здравје. Но, не само психотерапијата може да влије врз подобрување на зависноста туку и примена на медикаментозна терапија во консултација со психијатар за да се стави под контрола оваа зависност “ .

Психолозите препорачуваат за да се сузбије оваа  зависност треба да делува заедницата да го намали бројот на кладилниците. Но бидејќи се` попопуларни стануваат и он лине коцкарниците до кои може лесно да се стигне, клучна е улогата на семејството и училиштето во однос на тоа како младите го користат слободното време, предупредуваат психолозите. Младите да се вклучуваат во физички и умствени активности и да се информираат за штетните последици од коцкањето како зависност.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top