Во пандемичната 2020 има помал број склучени бракови и новороденчиња

Во Охрид пред матичар склучиле брак 352 парови минатата година. Во истата година се родени 509 новороденчиња.  Во 2020 година споредено со 2019  година  биле склучени помал број бракови и  биле родени помал број новороденчиња,а починале повеќе лица. Се развеле 69 брачни парови преку центарот за социјални работи.   

 |  Валентина Неловска  | 

Во пандемичната 2020 година, 352 парови од Охрид заснивале брачна заедница и го кажале судбоносното „да“. Во општина Дебрца пак, се регистрирале 16 брачни заедници. Во истата година, во матичната книга на родени се евидентирани 509 новороденчиња во општина Охрид, а само 5 новороденчиња во општина Дебрца.

Според евиденцијата на матичната книги на умрени, 848 охриѓани починале во 2020, а во општина Дебрца 75 лица. Епидемијата со Ковид 19 го намали бројот на склучени граѓански бракови и наталитетот во Охрид во минатата година, покажува евиденцијата на матичната книга на венчани. Според евиденцијата во матичната книга на родени, венчани и починати за општина Охрид се бележи пад кај два демографски индикатори, венчани и родени, во споредба со 2019 година, информираат од Управата за водење матични книги. Во 2019 се родени 580 новордоенчиња, брачна заедница склучиле 465 пара, а починале 786 лица.

Во Охрид, во 2020 година биле разведени 69 бракови преку доставени барања од судот по покрената тужба за развод преку Центарот за социјални работи, а во 2019 година имало 66 разведени брачни заедници.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top