Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Овој апарат се набавува за прв пат, а пациентите досега за оваа медицинска услуга беа принудени да одат на лекување во приватни болници или на скопската Универзитетска клиника.
ЈЗУ Општа болница Охрид ќе ја подновува старата медицинска апаратура. Во тек е тендер за набавка на апарат за ласерско кршење на камења во бубрезите. Современиот апарат чини околку 220.000 евра. Ќе има примена за хируршко лекување на пациентите, информира д-р Горан Балевски, директор на општа болница.
„Тоа е комплетен столб со 4К за ендоскопски, лапараскопски и за ласер хирургија кој ќе може да се користи на повеќе одделенија, хирургија и гинекологија. Но, акцент е сепак на уролошкото одделение за да може да се работи бидејќи досега луѓето одеа на лекување во приватни болници.“
Овој апарат се набавува за прв пат, а пациентите досега за оваа медицинска услуга беа принудени да одат на лекување во приватни болници или на скопската Универзитетска Клиника. Покрај набавката на модерна медицинска апаратура ќе се работи и на осовремeнување на работата на болницата.
„Работиме да донесеме нови методи, намерата е да се дигитализираме. Да може од апаратурата да добиваме снимки на лаптоп“.
Во Општа болница од пред неколку месеци не е во функција компјутерскиот томограф за кој ќе треба да се набави резервен дел. Набавната цена на делот чини околку 110.000 евра, а се преговара со ресорното министерство за набака на нов апарат. Компјутерскиот томограф е во функција од пред 10 тина години и се користеше за дијагностика на пациенти од целиот југозападен регион.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град