За да се зачува статусот на Светско културно и природно наследство државата мора да се справи со дивоградбите. Во иднина мора да се носат посебни законски решенија за регионот кои нема да имаат иста важност за останите општини во земјава.
Да се зачува Охридскиот регион на листата на Светско културно и природно наследство е од голема важност за развојот на туризмот, вели Андон Бојаџи од НП Галичица. Верува дека државата ќе добие поддршка од граѓаните и институциите за да се справи со проблемите за да се зачува Статусот на културно и природно наследство на Унеско. Позитивни сигнали доаѓаат од Министерството за култура. Ресорната министерка најави дека во Охрид, Струга и Дебрца веќе нема да се гради без нивно одобрение и консултација. Бојаџи смета дека треба да се регулираат работите и постапувањата при одобренијата на градби кои треба да бидат поразлични за регионов во однос на другите општини во земјава.
„Една од работите која е значајна, а прави проблем е Законот за планирање и градење кој се носи за цела територија на земјава, а овој регион има специфики и се нарушува со толкувања од одредбите на Законот кои придонесуваат да има проблеми во управувањето со подрачјето за да го зачува статусот на Унеско“.
Државата мора да почне постапка за рушење на 29 дивоградби изградени во строго заштитениот појас на НП. Тие се бесправно изградени на најатрактивниот дел на Трпејца на 10 метри од брегот, вели Бојаџи. Додава дека на овој потег се гради и по завршување на мораториумот за градба кој за првпат го донесе општина Охрид во август 2019 година.
„Во 2020 година во Трпејца се 3 објекти. Имаше затишје, ова почна од октомври навака, активности на градење и има 3 такви градби“.
Бојаџи напоменува дека последното рушење на дивоградби во крајбрежниот дел во Трпејца се случило во 2000 година. На овој најатрактивен потег циклично се гради и се рушат објекти кои се граделе без одобрение, а рушење на нелегални градби имало и во 70 -тите години од минатиот век во поранешната држава.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град