Градскиот мешан хор Вокс Лихнидос нижи успеси дома и на меѓународни натпревари

На последниот натпревар во Кикинда, Србија освоија злато и сребро во две категории во камерна и духовна музика. Членовите се активни и се адаптираат на новите услови на работа со он лине проби.

 |  Валентина Неловска  | 

Вокс Лихнидос, градскиот мешан хор нижи успеси и го зацврстува своето реноме на музички план дома и надвор. Охридските хористи се активни и учествуваат на музички меѓународни и домашни натпревари и во ова специфично време на живеење. Пробите ги работат он лине од дома, преку зоом платформата, појаснува Бурим Хидри диригент на градскиот мешан хор Вокс Лихнидос. Со новиот начин на работа пеењето е поинакво, но добиваме нов квалитет кај членовите, појаснува охридскиот професор по музика.

„Секој хорист мора да покаже индивидуално што знае и да се потпре на сопствените квалитети. Тој пристап е добар. Хорската музика е заедничко пеење, сполотеност во едно, формирање на балансиран звук и заедничко музицирање, се работи во детали. Увидувам нови квалитети кај хористите и позитивно делува на сите“.

Диригентот Бурим Хидри е задоволен од претставувањето во проектот за одбележување на 250 год од раѓањето на Бетовен,  големиот светски композитор. Долго работеле на подготовките и се задоволни од нивното музицирање и од видео претставувањето на Охрид. Голем успех забележаа и на он лине меѓународниот натпревар во Кикинда, Србија каде што учествувале 42 хора. Испратиле по три композиции во две категории во камерна и духовна музика. Охридските хористи ги потврдиле своите високи музички квалитети.

Овде учествуваме со разновиден материјал. Може да се пофалам дека во категоријата камерна музика е композиција од охридскиот композитор Гоце Гаврилоски, Боса Роса. Со задоволство можам да кажам дека бевме успешни и освоивме златен медал со 95 освоени поени, а во духовна музика освоивме 88 поени и сребрена медалја“.

Хористите од Вокс Лихнидос се активни и веќе се подготвуваат за следната година. Аплицирале на 2 меѓународни фестивали со физичко присуство во Чанак Кале, Турција и во Кикинда, Србија и се надеваат дека во меѓувреме ќе се нормализира работата и животот.
Нивната работа е поддржана од општина Охрид и Министерството за култура, а пробите ги изведуваат во ЦК Григор Прличев. Во моментов хорот брои 30 члена и има се повеќе заинтересирани хористи да бидат дел од градскиот хор. Од Вокс Лихнидос велат отворени се да ги примат сите квалитетни хористи.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top