Младиќ на телевизија

Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.

 |  Крсте Голабовски  | 
Ratko Mladic
Ратко Младиќ

Телевизијата на Федерацијата на Босна и Херцеговина (ФТВ) синоќа емитуваше аматерски снимки, на кои се гледа најпознатиот хашки бегалец, Ратко Младиќ.

Ratko MladicСнимките се направени во изминатите 12 години, а најголем дел од нив се снимени во белградската населба Кошутњак, каде што Младиќ пред камерата се весели на свадба и се дружи со семејството и пријателите.

Покрај тоа, на една од снимките направена во 2.000-та година, Младиќ е прикажан на свадба во Источно Сараево, во ресторанот „Кула“.

Во политичкиот магазин „60 минути“, на ФТВ емитувани се и снимки од една касарна на тогашната војска на Југославија, каде што Младиќ игра пинг понг.

На последната снимка, за која се претпоставува дека е направена на крајот на минатата година, Младиќ е прикажан како си игра на снег со семејството, но забележливо е дека се движи отежнато со помош на стап.

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top