Македонскиот угостителски сектор „гладен“ за квалитетни стручни кадри

Средното стручно училиште „Ванчо Питошески“ станува   државен регионален центар за средно стручно образование. Уготителското училиште  добива  можност за едукација на кадри  од  формалното  и од неформалното образование.

 |  Валентина Неловска  | 

Угостителското средно стручно училиште „Ванчо Питошески“ од следната учебна година преминува во државен регионален центар за средно стручно образование. Со одлука на владата угостителското училиште добива нови можности за едукација на кадри од формалното и неформалното образование. Покрај едукација на профили од угоститеството за средношколци се добива можност и за прекфаликации на повозрасни лица, како и обуки и за наставниот кадар од Југозападниот регион, информира директорт Марјан Радески.

Голем број на луѓе кои ќе сакаат да направат прекфалификација на своето образование ќе имаат можност по посовремени наставни програми да направат прекфалификација. Се движиме со наставните програми според потребите на пазарот на трудот ќе креираме таков образовен профил како што го налагаат потребите на пазарот“.

Средното стручно училиште Ванчо Питошески на два пати дало логистичка поддршка на 30 тина заинтересирани лица да се стекнат со докфалификација од струките готвач и келнер, а во организација на општина Охрид. Тие докфалификации покажаа дека има интерес и од страна на граѓаните, но и на угостителскиот сектор, вели Радески.

Анализирајќи го пазарот на трудот и во разговори со менаџерите на хотелите доаѓаме до заклучок дека има потреба од работните профили келнер и готвач во угостителството итоа дефицитарен кадар не само во градот туку и во регионот и пошироко во Републикава“.

Државното стручно училиште Ванчо Питошески со преминувањето во надлежност на МОН ќе стане еден од трите вакви угостителски центри во државата. Училиштето и ученичкиот дом ќе претрпат реновирање и големи инфраструктурни промени. Ќе се направат современи кабинети по сите европски стандадри што ќе овозможат да стане кавлитетен регионален центар. Планирани се и нови и реформи во наставните програми.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top