• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Струга
  • Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Општина Струга мора да ги спроведе препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје

Општина  Струга не презема активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието  според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид.  Министерот за транспорт и врски, Бочварски,  најави посета на општината и разговори со струшкиот градоначалник за да  види кои се намерите на општината во спроведување на препораките за заштита на езерското крајбрежје. Порача дека не е поборник за одземање на ингеренциите на општината во сферата на урбанизмот, но  законите мора да ги почитуваат сите.

 |  Валентина Неловска  | 

Благој Бочварски, министерот за транспорт и врски, најави работна посета на општина Струга и средба со градоначалникот Рамиз Мерко. Досега соседната општина не презеде никаки активности за одстранување на нелегалните градби на крaјбрежието според препорките на Унеско за разлика од општина Охрид. Мерко во повеќе наврати тврдеше дека нема нелегални градби во неговата општина, а нема ни податоци колкав е бројот на нелагалните објекти в долж крајбрежјето.

„ Врз основа на документација сакам да видам што е нелегално, кој е планот на општината за решавање на овие прашања. Препораките на Унеско за заштита на Охридскотo крајбрежје не важат сама за Охрид туку и за Струга. Важно е да седнеме и да ги отвориме сите прашања, законот и прописите мора да важат еднакво за сите“.

Бочварски е оптимист дека со струшкиот градоначалник Мерко со дискусии заедно ќе ги решат проблемите секој во својот домен на ингеренциите. Порача дека не е поборник за одземање на ингеренциите на општината во сферата на урбанизмот.

Ние не сакаме да се централизира државата, да одземаме ингеренции и да навлегуваме во нечии ингеренции. Ќе разговараме секој да ги преземе ингеренциите и одговорностите со цел граѓаните да почуствуваат правда и праведност, дека избрале Градоначалник и Влада кои работат и сакам да избегнеме можност да превземаме ингеренции од општината“.

Општината има ингеренции да изработи документација за сите објекти од втора категорија кои се нелегални градби. Градежните инспектори треба да работат на оваа проблематика, рече министерот Бочварски. Најави реформи за зајакнување на капацитетите на инспекциските служби преку зголемување на нивните плати и ингеренции.

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top