Национален парк Галичица констатирал узурпации на државно земјиште

ОД НП Галичица бараат охридскиот Државен правобранител да се вклучи во проверка при узурпација на државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот.  Од Државниот правобранител уверуваат дека постапуваат по сите пријави кои пристигнуваат до нив

 |  Валентина Неловска  | 

ОД НП Галичица бараат и охридскиот Државен правобранител да провери дали се узурпира државно земјиште на кое се градат нелегални градби во рамките на паркот. Само ова година во Трпејца констатирале по една бесправна градба и една узурпација на државно земјиште во Националниот парк Галичица. Од националниот парк досега разгледале 471 барање според Законот за постапување на бесправно изградени објекти за да дадат мислење за постапките за легализација за објекти кои ги води општина Охрид, вели Бојаџи.

 „Во голем број случаи од 471 и нови градби што се случуваат има узурпација на имот на РМ. Во таков случај во извештајот за констатација барам институцијата да се обрати и до Правобранителството кое има надлежност да го штити имотот на РМ. Двојно е барањето да се провери објектот дали има одобрение за градба и дали земјиштето на кое се гради е во сопственост на РМ“.

Се обративме до Државното правобранителство од каде за ТВМ велат дека постапуваат по пријавите за узурпација на државно земјиште кои најчесто ги добиваат од физички лица и од Националниот парк Галичица.

„Во текот на оваа година до Државното правобранителство пристигнале 8 пријави, од кои една била од Националниот парк Галичица, а останатите 7 биле од физички лица. Правобранителството пријавите ги проследило до Општинскиот Градежен инспекторат и нема предмет кој стигнал до нив, а по кој не постапиле ако станува збор за узурпација на градежно земјиште во сопственост на државата, тврди државниот правобранител за Охрид. Целта е да се одстранат бесправните градби и да се врати во првобитна состојба земјиштето сопственост на Р Македонија.

Што се однесува до предметите пак, кои се во постапка за легализација според Законот за постапување со бесправно изградени објекти, надлежни се Секторот за урбанизам, а за стари градби Министерството за транспорт и врски, информираат од Државното правобранителство.

.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top