• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година

Општините ги доставија предлог проектите до Центарот на Југозападниот плански регион за идната година

 Општина Дебрца аплицира со проект за втора фаза за енергетса ефикасност за изложбениот археолошки центар кој се реалира на задружниот дом во селото Требеништа. Меѓу проектните концепти се и апликациите  за реконструкции  на улици во Охрид и  Струга, како  и партерно уредување на просторот пред детската градинка во општина  Вевчани.

 |  Валентина Неловска  | 

Општините од регионов ги поднесоа проектните концепти до Советот на Југозападниот плански регион. 9- те општини имаат можност да искористат средства за развој во висина од 41 милион денари од Програмата за рамномерен регионален развој за 2021 година. Може да се аплицира проекти за искористување средства од две области. Првата област е од заштита на животна средина и намалување на загадувањето на животната средина, а втората за подбрување на економскиот развој, туризмот и културата и подобрување на патната инфрастуктура. Општина Дебрца аплицира проект за втора фаза за енергетска ефикасност на Задружниот дом во село Требеништа, информира градоначалникот Зоран Ногачески.

„Со завршувaње на втората  фаза на објектот ќе е ставен во функција според намената која ја дефиниравме. Долниот спрат би се користел како деловен простор и дел за потребите на Месната заедница од село Требеништа. Горниот дел она што го најавивме и ни беше почетна идеа, отворање на Археолошки изложбен центар Требеништа во кој ќе бидат изложени сите артефакти и археолошки вредности кои се најдени во позната Требенишка Некропола и од цела територија на Дебрца“.

Градоначалникот Ногачески вели, како општина имаат и други проекти, но од одобрените средства во висина од 41 миолини денари од буџетот на државата за Југозападниот плански регион мора да се избалансираат и поделат средствата за проекти за сите 9 општини. Проектите повторно треба да се разгледаат на форуми каде што ќе учествуваат бизнис секторот и невладините организации, вели Ногачески.

„Потоа како конечен предлог треба да дојдат пред Советот на Југозападниот плански регион на кој ќе треба да се усвојат до 15 декември и Центарот за Југозападен плански регион за сите наши пот проекти треба да аплицира до Бирото за регионален рамномерен развој. Ќе одлучува и Националната Комисија на Рамномерниот регионален развој. Се надеваме дека проектите ќе поминат и од на пролет ќе продолжиме како општина Дебрца со втората фаза за реконструкција на ЗД Требеништа“.

Покрај проектот за реконструкција на задружниот дом во Требеништа во општина Дебрца утврдени се предлог проектни концепти и за останатите општини. Меѓу проектните концепти се и апликации за реконструкција на ул.Јане Сандански во општина Охрид, проект за реконструкција на пешачката улица 7- ми Март во општина Струга и партерно уредување на просторот пред детската градинка во општината Вевчани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top