• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • „Охридски пливачки легенди“ е документарен филм посветен на 4та најдобри пливачки маратонци.

„Охридски пливачки легенди“ е документарен филм посветен на 4та најдобри пливачки маратонци.

Документарецот содржи факти за Охридскиот пливачки маратон и спорстките достигнувања на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи. Љупчо Паункоски е автор  на документарецот кој  премиерно ќе биде прикажан во охридското кино утревечер во 18 часот.

 |  Валентина Неловска  | 

„Охридски пливачки легенди“ е насловот на документарниот филм посветен на Нико Нестор, Климе Савин, Дики и Атина Бојаџи, 4 -та најдобри охридски пливачи во дисциплината маратон, вели авторот Љупчо Паункоски. Се надевам дека филмот ќе придонесе младите да се занимаваат со овој спорт и да се врати пливачкиот сјај на градот. Филмот е направен за 4ца кои потекнуваат од нашиот град и кои со своите достигнувања треба да останат засекогаш запаметени, вели Паункоски.

Се работи за извонредни пливачи кои во своето време го преставува нашиот град и држава, не само во границите на тогашна Југословија туку и надвор од државата и учествуваа  на сите светски маратони“.

Филмот трае околу еден час , а монтажата на документарецот е на Томе Лушев Шпанец. Филмот е работен макотрпно во смисла на прибирање на сите нивни спортски резултати, вели Паункоски. Во тоа многу ми помогна пливачката легенда, тренерот Александар Леко Радиќ .

„Еден час не е доволно да се опишат сите нивни успеси, но се потрудив да опфатам се што е најбитно во нивната спортска кариера. За мене е многу важно што имав можност да се сретнам со сега покојниот Леко Радиќ, кој е главен соговорник во филмот. Тој ми даде многу информации, фотографии, весници кои излегувале  во тоа време и го прави филмот многу поинтересен“.

Документарецот „Охридски пливачки легенди“ премиерно ќе биде прикажан во охридската кино сала утревечер во 18 часот, според сите безбедносни протоколи. Влезот е бесплатен. Паункоски упатува благодарност до Охридскиот центар за култура и Кинотека на Македонија.

„Охридски пливачки легенди“ е 6-ти авторски филм на Љупчо Паункоски. Од нив 3 докуметраци се посветени на струшката област Малесија, за киното „Охридско Езеро“ и за охридскиот музичар Наум Гаврилоски.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top