Побарано е засилена контрола врз лицата кои се во изолација, а исто така вевчанци да не се собираат на разни прослави. Расте бројот на инфицирани од ковид 19, а 55 годишен маж е првата жртва на вирусот во Вевчани.
Кризниот штаб од Вевчани одржа он лине состанок на барање на вработените во Здравствениот дом „Д-р Светозар Чочороски“ и дел од угостителите. Во општината има неповолен развој на корона пандемијата и расте бројот на инфицирани од вирусот, информира градоначалникот Сашо Јанкоски. На состанокот се разгледаа сите опции како да се сопре пандемијата. Се упати апел до вевчанци да ги почитуваат строго сите мерки од Комисијата за заразни болести. Исто така, угостителите да ги затворат угостителските објекти на една недела, вели градоначалникот Јанкоски.
„Таму има најмногу дружење, и покрај почитување на мерките, дел од граѓаните не ги почитуваат мерките. За да има заштита двајца треба да се заштитени. Од таму дојде и овој апел, дел од угостителите самоиницијативно веќе објавија на социјалните мрежи дека ги затвораат објектите на одреден период, а другиот дел очекувам да го сторат истото во претстојниов период“.
Во Здравствен дом Вевчани се трошат ресурсите, има недосток од кадар бидејќи има инфициран медицински персонал. Се доведува во прашање функционирањето на здравствениот систем затоа што се забележува дека многу лица не ги почитуваат решенијата за изолација, се шетаат и го шират вирусот. Кризниот штаб побара да има засилени контроли од надлежните органи дали се почитуваат мерките за изолација на позитивните лица. Побараа да нема масовни собири на разни прослави, но да се почитуваат и сите други мерки за заштита од Комисијата за заразни болести.
„Вчера имавме немил случај прва жртва на ковид 19, млад човек на 55 години, мој другар.Тоа е едно големо предупредување да се свести народот дека ова не е обичен грип како што некој сака да го прикаже, дека не е опасен. Ова е надвор и непознаница за здравството во светот и за нашето, затоа и лекарите од Здравствен дом повикуваат да се применуваат сите мерки за да не се случуваат вакви немили настани во Вевчани“.
Во Вевчани во моментов има 50 граѓани кои се лекуваат, но бројот е многу поголем, посебно на асимптоматските слуачи со ковид 19, инфромира градоначалникот Сашо Јанкоски. И Градоначалникот веќе една недела е во изолација.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град